Фудбалската репрезентација на Бразил ноќеска убедливо со 3-0 ја победи Аргентина во рамките од квалификациите за Светското првенство 2018 година.
„Гаучосите“ не покажаа ништо на овој меч од целиот потенцијал што го имаат. Меси и другарите како да не се видоа на теренот, а освен високата победа, еден момент од мечот стана вистински хит на интернет.
Меси требаше да изведе слободен удар, а, освен четворицата бразилски фудбалери што застанаа во живиот ѕид, левиот бек на Реал Мадрид Марсело беше клекнат зад нив. Тоа може да се оправда само со можноста Меси да се обиде да ја протне топката под нозете на фудбалерите што го бранеа ударот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.