Александар Петрески го остави Охрид во долгови до гуша. Огромни се долговите кои ги има општина Охрид кон правните субјекти, на кои им должи неверојатни суми на средства, објави порталот „Курир“. Секојдневните инспекциски контроли кои прават анализа на финансиската ситуација на општина Охрид, се соочуваат со стотици предмети за кои локалната самоуправа има обврска за исплата на големи финансиски средства. Според неофицијални информации на „Курир“, финансиските обврски кои се спомнуваа во изборниот период, за долг на општината и јавните претпријатија од 33 милиони евра, веројатно ќе бидат повисоки, а обврските кои пристигнуваат секојдневно за наплата во општината и општинските јавни претпријатија, би можеле да доведат до сума од фантастични над 50 милиони евра.
Изминатата година само за сметките за мобилна телефонија, општината платила близу два ипол милиони денари за повеќе од 90 службени мобилни телефони, кои ги користеле лица во општината без никаков правилник за користење на службени мобилни телефони. Само на име на градоначалникот Петрески се воделе 6 телефонски броеви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.