| четврток, 6 декември 2018 |

Заминаа на Алјаска, Њу Џерси и Флорида: Maкедонски фолкерки кои љубовта ги однесе во странство

01

Јованка Житарова, Јасмина Мукаетова, Сузана Гавазова, Анета Наковска се дел од македонските фолкерки кои љубовта ги однесе во туѓина поради сопрузите, пишува Вечер.

Јованка Житарова љубовта ја одведе дури на Алјаска. Пред повеќе од четири години се омажи за Роберт Терзиоски, кој има потекло од охридското село Волино. Свадбата на неготинката и нејзиниот избраник се случи во Охрид. Екс-фолкерката е мајка на близнаците Зои и Картер, а во моментов престојува во Македонија.

Јасмина Мукаетова од Кавадарци подвлече црта, се спакува и замина во Америка да се омажи. Заради љубовта и сопругот Трајче си замина од Македонија, а кариерата ја стави во мирување. Двојката веќе пет години живее во Њу Џерси и ги има синовите Диме и Зуко. Двојката се запознала при една турнеја на Јасмина низ Америка, а се венчаа во Лас Вегас.

02

Сузана Гавазова веќе три години живее во Шведска заедно со сопругот Јасмин, кој по потекло е Босанец, и со кого има две ќерки, Емили и Селена. Парот направи голема свадба во Струмица, а пред да ја направат свадбата, ставија потпис во матично во Шведска.

Анета Наковска нејзиниот избраник Спиро, кој по потекло е од Охрид, веќе извесен период живеат на Флорида. Фолкерката ретко зборува за својот сакан во јавноста, но затоа, пак, на социјалните мрежи е многу активна и секојдневно објавува заеднички фотки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top