Дел од пејачките од соседството минимум по двапати годишно доаѓаат во Македонија, се разбира на покана на овдешните наши менаџери кои им организираат концерти, а за кои за волја на вистината, секогаш се бара билет повеќе.
Освен солистичките концерти во големите сали и арени, овие пејачки можат да се пофалат и со чести настапи во рамките на општинските веселби, па така за сите питијади, пастрмалијади, смоквијади, сомунијади и татлијади тие повторно се главни ѕвезди. За домашните како да нема место! И кога ќе настапи некоја од нашите на вакви настани, разликата во хонорарите е навистина голема, а и навредлива. Додека другите пејачки молчат, Џесика Палашоска реши да го крене гласот и јавно да се побуни.
И ние имаме добри коњи за трка”, вели сексапилната пејачка и бара во оваа револуција да и се приклучат и останатите колешки и заедно да се изборат за свое место под естрадното музичко небо.
-Сите меѓу себе коментираат како им е преку глава од пејачките од соседството да пеат на сите главни општински прослави, а никој не се осудува јасно да го изрази својот револт. Затоа апелирам до сите мои колешки од Македонија заедно да се избориме за правда, и ние имаме хитови, и ние заслужуваме големи хонорари. Зошто да го величиме туѓото, а нашето да го плукаме – отворено прашува Палашоска и бара на следните манифестации кои ќе бидат организирани од страна на општините во листата на изведувачи да бидат впишани нивните имиња.
Од постарата гарда на пејачки која пред извесен период јавно го крена гласот поради оваа неправда е и Блага Петреска. Нејзиниот револт вроди со плод, па пејачката беше поканета на неколку општински манифестации со својата песна да ја збогати прославата. Но, проблемот пак беше во висината на хонорарот кој не можеше да се спореди со оној кој би го добила некоја нејзина колешка од блиското соседство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.