Запалени контејнери, искршени излози, илјадници луѓе на улиците – ваква е сликата на улиците во големите американски градови еден ден откако Доналд Трамп беше избран за претседател на најголемата светска сила.
НВО организациите финансирани од Сорос веќе втор ден организираат протести против изборот на американскиот народ.
Невладината организација Мув он, која е под контрола на Џорџ Сорос уште истата вечер организираше протест пред штабот на Трамп, на кој се палеа американски знамиња и фотографии на Трамп. Во организација на нередите е и организацијата Black Lives Matter која од Сорос има добиено 100 милиони долари за оваа цел.
Активистите на невладините организации кои се под контрола на контроверзниот бизнисмен Џорџ Сорос и демократскиот естаблишмент, во нивната земја се односуваат исто како соросовите организации во Македонија – не ја признаваат вољата на граѓаните и убедливата победа на Трамп со над 70 изборни поени разлика.
-Трамп не е нашиот претседател – извикуваат демонстрантите кои новиот претседател го обвинуваат за расизам, сексизам, фашизам и што уште не.
Според анализите на видните светски медиуми, се работи за истите луѓе и организации кои во изминатите години ги организираа насилните протести во Балтимор со пари кои може директно да се поврзат со Џорџ Сорос и неговите партнери.
Овие организации се повеќе се обидуваат и да ги извадат на улица американските со латино потекло кои ги манипулираат дека во најскоро време ќе бидат депортирани од земјата. Протестите досега се одржуваат во Вашингтон . Њу Јорк, Лос Анџелес, Сан Франциско, Балтимор, Филаделфија, Оукленд, Минеаполис, Портланд ,Денвер…
Новоизбраниот претседател експресно го возврати ударот и ги обвини медиумите дека се иницијатори на протестите.
-Имавме фер и успешни претседателски избори. Сега имаме професионални демонстранти, иницирани од медиумите. Тоа е многу нефер, напиша Трамп на Твитер.
Love the fact that the small groups of protesters last night have passion for our great country. We will all come together and be proud!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 11, 2016
Претходно, неговиот советник, Руди Џулијани демонстрантите ги нарече разгалени плачковци.
Our streets. #oakland pic.twitter.com/6jtYFOvzWb
— Matt Hunt (@WritingByMatt) November 11, 2016
По победата на Трамп, уште за време на изборната ноќ први пред неговиот изборен штаб излегоа од организацијата MoveON, која е 100 проценти финансирана од Сорос, тие палеа американски знамиња и фотографии со сликата на Трамп. Дел од нив најавуваат и дека со жив штит ќе го спречат новиот претседател на влезе во Белата куќа.
Во исто време, една од организациите кои се логистика на протестите е Black Lives Matter, која според последното истражување на новинската мрежа Фокс, во периодот пред изборите доби 100 милиони долари од Сорос и партнерите – веројатно со цел да се организираат вакви сценарија во случај на победа на Трамп.
Последните крици на поразените елити
Обоените револуции, кои за прв пат се појавија во Србија во 1999, продолжија да бидат организирани од истите структури на сите светски мередијани. Грузија, Украина, Арапските земји, Израел, Бугарија и Македонија се само мал дел од земјите жртви на овие обоени револуции, кои беа организирани за личен профит на нивните финансиери.
Се чини, македонското сценарио се повторува во Америка. Исто како денес во САД, во Македонија веднаш по изборите во 2014 соросовите структури почнаа со организирањето на обоената револуција. Во периодот што следуваше опозицијата ги лансираше т.н бомоби по кои почнаа протестите финансирани од Сорос. Во целата операција беше вклучена и белградската агенција Канвас, за која медиумите објави документи кои потврдуваат дека на различни локации ги тренирала активистите за претстојните протести. Овие протести кулминираа со таканаречената Шарена Револуција која во главниот град на Македонија нанесе милионски штети со фарбањето со боја и оштетувањето на државните објекти. Освен од СОРОС, овие активности беа финансирани и од американската државна агенција УСАИД, за која Доналд Трамп најави дека целосно ќе и го скрати буџетот за вакви активности.
Познавачите велат дека токму оваа пресвртница е главната причина поради која раководтвото на СДСМ и челниците на Соросовите организации го искажуваат своето незадоволство од изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.
Аналитичарите коментираат дека ерата на обоените револуции по се изгледа ќе заврши во Америка со победата на Доналд Трамп кој ќе го спречи ваквото криминално делување. Протестите во САД се само последниот крик на поразените елити.
-Мислам дека ќе биде најдобар пример како светската демократија број еден се справува со овој тип на протести. Ова е јасен сигнал за сите земји во светот кои и до сега биле под терор на овие соросови платеници и шарени револуцонери. Станува јасно дека промената на власта во САД и надежта дека тие ќе згаснат уште повеќе ги радикализираат овие структури, па може да очекуваме дека и Америка и светот во наредниот период доколку не реагираат одлучно ќе бидат под нивниот терор, вели за Вечер политичкиот аналитичар Александар Пандов.
Во изборната кампања Доналд Трамп најави дека жестоко ќе се пресметува со ваквото криминално делување на Џорџ Сорос, кој според него, во светот организира протести за да може така да манипулира со берзите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)