– Точниот износ на долгот на Карлеуша спрема Дијана Јанковиќ е 4 милиони динари. Извршителите со полициско присутство и со адвокатите на Карлеуша влегоа во куќата заради пописот на работите и проценка. Но таму струјата била исклучена, па постапката морала да се спроведува со батериски светилки, вели Вера Ачански, адвокатка на пејачката Дијана која ја доби тужбата против Јелена на суд.
Според нејзините зборови, во куќата биле најдени само мал број вообичаени работи со мала вредност, нодоволно за да го покријат долгот на Карлеуша.
– Единствено што имаше некаква вредност за да биде предмет на лицитација се четири уметнички слики, два постари телевизори, справа за вежбање и едно пијано. Адвокатот на Карлеуша изјавил дека сите работи во станот му пипаѓаат на нејзиниот сопруг и дека таа не поседува ниту една работа со чија продажба би можел да се подмири долгот, изјавила за Курир.рс адвокатката Ачански.
Според неа, доколку јавните извршители го прифатат тврдењето дека Карлеуша нема вреден имот на нејзино име, ниту има некакви приходи, ќе мора да се констатира немаштија кај должникот.
Сепак, овие сознанија дека во куќата од каде Карлеуша се фалеше со раскош и луксуз не нашле никакви вредни предмети, покрена сомнеж кај српските медимуми кои пишуваат дека најверојатно Јелена ја испразнила куќата пред да дојдат извршителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.