| четврток, 6 декември 2018 |

Вејд со победа против „своите“, Лејкерс не се шегуваат (видео)

Изминатава ноќ во НБА лигата се одиграа четири натпревари, од кои за издвојување е победата на Чикаго над Мајами од 98-95.

dvejn-vejd

До петтата победа во првенството Чикаго беше воден од Џими Батлер со 20 поени и пет асистенции, а уште пет кошаркари на Чикаго завршија со двоцифрен ефект. Лопез и Рондо дополнија со по 16 поени, Двејн Вејд против поранешниот свој клуб нанижа 13 поени, а кај домашните за издвои Вајтсајд со 20 поени и 20 скока.

До победа синоќа стигна и ЛА Лејкерс, кои на гости беа подобри од Сакраменто со 101-91. Лоу Вилијамс со 21 поен го водеше тимот до петтата победа сезонава, Расел постигна 17 поен а Ник Јанг – 16 поени. ДеМаркус Казинс за домашните постигна 28 поени, дополнети и со 10 скока.

Голден стејт беше убедлив против Денвер победувајќи со 125-101. Стеф Кари одигра уште една одлична партија завршувајќи со 33 поени и седум асистенции. Го следеа Клеј Томпсон со 19 поени и Кевин Дурант со 18 поени и девет скока. Кај Денвер, подобар од останатите беше Џамал Мареј со 14 поени.

По девет едноподруго порази конечни славеше и Њу Орлеанс. Ентони Дејвис и компанија на гостиински терен го изненадија Милвоки победувајќи со 112-106, запишувајќи го првиот триумф сезонава. Девијс постигна 32 поени, дополнети и со осум скока. Добра партија пружи и Мур запишувајќи 20 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top