Во уште едно големо латиноамериканско дерби, Бразил во Бело Хоризонте славеше против Аргентина со убедливи 3-0.
Иако почетокот им припадна на Аргентинците кои беа поконкретни, сепак Бразил дојде до водство во 24. минута со феноменалниот гол на Филипе Кутињо.
Аргентинците немаа одговор за ова водство на домашните, а Бразил иако ретко доаѓаше пред голот на Ромеро сепак секогаш, кога тоа ќе се случеше, беше повеќе од опасно. Во 38. минута Нејмар го погоди дирекот, за да истиот играч сепак погоди за водство од 2-0 во 45. минута.
Точка на натпреварот стави Ренато Аугусто со погодокот за 3-0 во 59. минута од средбата.
Аргентина го запиша веќе својот трет пораз во квалификациите. Бразил по 11 натпревари е на првото место на табелата со 24 бода, додека Аргентина е дури на шесттата позиција со 16 бода, и до крајот ги чека голема борба за пласман на СП 2018 во Русија.
Во останатите натпревари во Јужна Акерика во квалификациите за Светското првенство беа постигнати следниве резултати:
Колумбија – Чиле 0-0, Уругвај – Еквадор 2-1, Парагвај – Перу 1-4, Венецуела – Боливија 5-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)