| четврток, 6 декември 2018 |

Толку од мене: Почина Леонард Коен

Канадскиот пејач Леонард Коен почина на 82 години, се наведува на неговата официјална страница на Фејсбук, пренесуваат светските медиуми.

„Со жалење ве исвстувам дека легендарниот поет, кантавтор и уметник Леонард Коен почина. Изгубивме еден од најценетите визионери на музиката“, се наведува во соопштението.

Причината за смртта не е наведена, само дека меморијалната служба ќе биде одржана во Лос Анџелес наредните денови и дека семејството моли за приватност.

Леонард Коен е роден во Монтреал, а негови најголеми хитови се „Suzanne“ и „I’m Your Man“, а минатиот месец го објави 14 албум „You Want it Darker“.

Во последното интервју за „Њујоркер“ вели: „Подгтовен сум да умрам. Сенадевам дека веќе не е премногу непријатно. Толку од мене.“

„Близината на смртта е голема промена. Јас сум уреден човек и сакам да го довршам работите што сум ги започнал“, рече тогаш Коен.

Неговиот фаталистички тон во интервјуто најверојатно, како што напиша американскиот магазин, е резултат на загубата на музата Маријана Илен Јенсен, која почина летово од рак.

10 најдобри песни според изборот на Гардијан:

Suzanne
So Long, Marianne
Bird on the Wire
Famous Blue Raincoat
Dance Me to the End of Love
Hallelujah
I’m Your Man
Tower of Song
The Future
Almost Like the Blues

Роден е на 21 септември 1934 г. во Вестмаунт, предградие на Монтреал.

Бил заинтригиран од поезијата на Федерико Гарсија Лорка, па дури и неговата ќерка се вика Лорка. Како тинејџер научил да свори гитара и основал кантри бенд „Бакскин бојс“.

На универзитетот „Мекгил“ се запишал во 1951 година и таму освоил неколку награди за поезија. Првата збирка песни „Let Us Compare Mythologies“ ја објавил во 1956 година. Во неа е сместена поезијата што ја пишувал од 15 до 20 годии, а посветена е на неговиот татко, кој починал кога имал само 9.

Втората зборка песни “The Spice-Box of Earth” ја објавил пет години подоцна и таа книга му помогнала да го добие признанието на критиката и епитетот новиот глас во канадската поезија.

Во шеесеттите пишувал поезија и проза и тоа главно во куќата на островото Хрид, а во 1967 година се сели во Њујорк и започнува кариера на пејач. Истата година го објавил и првиот албум Songs of Leonard Cohen.

Песната “Hallelujah“ ја објавил во 1984 година и оттогаш има речиси 300 верзии и еден куп изведувачи.

Во кариерата објавил 14 албуми, добил околу 40 награди, што за поезија, што за музика. Измислил еден коктел, бил на Куба како војник малку пред инвазијата на Заливот на Свињите.

Во рокенрол куќата на славните влегол во 2008 година, а во 2010 доби Греми за животно дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top