| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот „Соба со пијано“ на Изи ќе го отвори „Браќа Манаки“

Со премиерата на македонскиот филм „Соба со пијано“ од режисерот Игор Иванов Изи на 14 септември ќе биде отворено 34-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, соопшти на денешната прес-конференција дитректорката Лабина Митевска. Филмот е приказ на различни животни судбини доведени на оваа единствена локација од чиј ракурс можат да се допрат најсуштествените аспекти на нашето постоење. Главните улоги ги толкуваат Наташа Петровиќ, Јовица Михајловски, Светозар Цветковиќ, Васил Зафирчев, Игор Стојчевски, Симона Спировска, Торстен Вогеш, Ива Крајнц, Дениз Абдула, Јагода Кумриќ, Фирдаус Неби и Невена Ристиќ.ж-Покрај „Мајки“ и „Трето полувреме“, „Соба со пијано“ е трет македонски филм во поседниве четири години што ја има честа да се прикаже на свеченото отворање. Цело време настојуваме да создадеме традиција, не само да ги прикажеме домашните наслови, туку и да ги добиеме премиерите на најважните македонски филмови. Од година во година задачата стана се полесна за реализација. Самото тоа веќе доволно говори колкаво значење има фестивалот во очите на нашите автори. И овојпат ќе се обидеме на црвениот тепих во Битола да ја пречекаме целата филмска екипа на „Соба со пијано“ и да имаме подеднакво богато издание, истакна Митевска.

072fd377-b1ae-4f52-a000-826eaa159bf0

Игор Иванов рече дека за него претставува големо задоволство  што македонската премиера, во духот на традицијата, ќе се случи на најстарото и највредното интернационално филмско случување. Оваа студија на епизодни карактери, поместена на единствена локација е огледало на сета хипокризија, апсурд и на сета декаденција на генерацијата на која и припаѓаме и искрено верувам дека со сопствената актуелност, естетска рамка и со уникатноста ќе успее да допре до различните генерациски, социјални и културни нивоа на македонската кино-публика. „Соба со пијано“ обединува извонредно интернационална авторска и актерска екипа на која сум и бескрајно благодарен на безрезервниот влог во проектот, особено во доменот на катерката игра, на фотографијата и на музиката, кои на проектот му овозможуваат вонредна артистичка и  и продукциска вредност, рече Изи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top