Регионалната регистрациска канцеларија на Централниот регистар на Македонија во Скопје на 11 и 15 овој месец ќе работи со продолжено работно реме од 8:30 до 00:00 часот со цел регистрација на учесниците во изборната кампања на предвремените парламентарни избори 2016 година.
„Работното време се продолжува со цел учесниците во изборите од Централниот регистар треба да обезбедат единствен даночен број и трансакциска сметка за изборна кампања“, соопштија од Централниот регистар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


