фото: Нетпрес
Едно лице е повредено денеска претпладне при судир на две такси возила раскрсницата пред мостот Гоце Делчев кај главната зграда на „Македонски пошти“ во центарот на Скопје, пишува Нетпрес.
Несреќата се случила околу 10,45 часот кога дошло до директен судир меѓу двата автомобила. Повреденото лице било патник во едно од такси возилата и според инфромациите од полицијата со возило на Брза помош е пренесено на лекување во Ургентниот центар.
-Поради сообраќајката, како што може да се види од фотографијата што ни ја испрати наш читател, останатите автомобили се оневоможени да ги користат коловозните ленти кои водат од мостот Гоце Делчев кон центарот на градот и од булеварот ВМРО кон булеварот Илинденска, поради што се принудени да користат алтернативни патеки за да ги заобиколат судрените возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Донесена одлука за почеток на јавната расправа за уставните измени
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Владата донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за 27 април
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)