Кај мачка во скопската населба Радишани е утврдена појава на заразната болест рабиес, позната како беснило, која е потенцијална опасност за секој цицач, вклучително и човеков. Од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдуваат дека на мачката и е дијагностицирано беснило.
Според неофицијални информации кои засега струјат во јавноста, станува збор за улична мачка која нападнала човек во Радишани. Наводно, човекот не е во животозагрозувачка опасност, затоа што навреме му се пружени здравствени превентивни мерки.
Агенцијата во текот на денот ќе излезе со дополнителни информации за случајот.
Беснило, инаку, се пренесува преку каснување од заразеното животно. Вирусот го напаѓа нервниот систем и доколку не се лечи, може да напредува многу брзо и да предизвика смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.