| четврток, 6 декември 2018 |

Што значи кога мачката се гали околу вашите нозе?

Мачките се познати истерувачи на зли духови од домот. Кога мачка некому му се плетка околу нозе, тогаш со него ја споделува својата позитивна енергија, всушност, ја пренесува врз него.

Затоа не е паметно да се отфрла од себе во страв од влакната, бидејќи за мачките се вели дека се волшебни животни.

На пример, ако стравувате од уроци или се плашите дека некој сака да ви направи нешто лошо, тогаш допирајте ја својата мачка со двете раце, галете ја нејзината лева шепа па продолжете до опашката.

Мачките имаат позитивна аура у затоа е добро да ги чувате. Освен што ќе ја чува куќата од зло и негативна енергија, ќе ги заштитува и домашните. Тие се познати како истерувачи на зли духови од куќите.

Ако забележите дека мачката долго време седи во еден дел од просторијата и гледа во нешто, тоа може да биде показател за присуство на зли духови. Во такви ситуации се препорачува да се запали пилин и да се покади куќата.

Интересно е како овие животни во куќата и околу неа најмногу престојуваат на места каде има најмногу негативна енергија.

Во Русија имаат ритуал пред вселување во нов дом, во него најпрво да ја пуштата мачката.

Тогаш таа ја елиминира негативната енергија од старите сопственици и внесува позитивна, бидејќи мачките живеат во високи енергетски зони.

Јачината на нивната моќ зависи од тоа на кој вид му припаѓа. Па така, се верува дека мачките Персиските, Сфинкс, Рекс и Манчкин расата имаат двојно повеќе магични и исцелителски способности во однос на другите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top