Во американскиот град Сиетл синоќа биле ранети пет луѓе пред продавница, од кои двајца се во критична состојба.
Локалната полиција смета дека инцидентот не е поврзан со протестите против новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, кои беа одржани низ Америка, вклучувајќи го и Сиетл.
Како што пренесува „Еј-Би-Си њуз“ маж, осомничен за пукањето, побегнал и полицијата трага го него. Негови жртви се четворица мажи и една жена на возраст од 20 до 50 години, кои се префрлени в болница. Двајца мажи се во критична состојба.
Заменикот на шефот на полицијата на Сиетл Роберт Мернер изјави дека нема поврзаност меѓу пукањето и протестите против Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.