– Досега требаше да бидам неподвижен, а јас сум далеку од таа фаза, вели Мајкл Џ. Фокс.
Светски познатиот актер играше во филмот „Враќање во иднината“, а докторите му рекле дека ќе може да работи само уште неколку години, но болеста не успеа да го победи. Во 1991 година на познатата холивудска ѕвезда Мајкл Џ. Фокс му беше дијагностицирана Паркинсонова болест. Тогаш имал 29 години и лекарите му рекле дека ќе може да работи најмногу уште десет години. Меѓутоа, дегенеративното нарушување на нервниот систем не му застана на патот. Актерот кој сега има 55 години за магазионот „Хојт ливинг“ отворено зборува за тешката болест со која живее сите овие години.
– Досега требаше да бидам неспособен, неподвижен, но јас сум далеку од таа фаза, изјави актерот кој во последните 16 годни донирал 650 милиони долари за истражување на лекот за Паркинсонова болест.
Иако не може со сигурност да утврди која е тајната на неговата одржлива состојба, открива дека медитацијата му помага да ги победи сите тегоби.
– Спиењето е единствен начин кога нашето тело целосно одмора, а медитацијата има ист ефект. Во тие мигови мозокот го доведувам до точка што е доволно успорен, така што добива дополнителен одмор, објаснува Мајкл во интервјуто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова се првите симптоми на рак на дебело црево…
-
Уште еден дипломат од американската амбасада во Куба заболе од мистериозната болест
-
Ова бебе има 23 години: Роден е 1995 година и престанал да се развива откако наполнил една година (видео)
-
Внимавајте на своите деца: Опасна полово пренослива болест се шири меѓу младите