Не е важно дали е Украина, Македонија или САД кога народот не игра по волјата на милијардерот Сорос туку по своја, на улиците има насилство и крв. Откако беа објавени резултатите од претседателските избори, на кои победата ја однесе репубиканецот Доналд Трамп, на демонстрации по улиците на повеќе градови од западните американски сојузни држави излегоа гневни, главно студенти, млади луѓе задоени со деструктивната политика на Сорос и поддржани со неговите пари.
„Тоа не е мојот претседател!” скандираа студентите и другите опоненти на новиот претседател, кои учествуваа во повеќеилјадните протестни маршеви низ Лос Анџелес, Сан Диего, Окланд, Портланд и други градови.Токму поради тие причини демонстрантите пандан на револуционерите-платеници во Македонија се собрале пред Белата куќа и на улиците на Вашингтон. Најголемиот дел од нив биле студенти, а тие палеле американски знамиња, го навредували и пцуеле новиот претседател, пееле навредливи песни и слогани против него и го нарекувале расист.
Снимки од протестите, закачени на интернет, ги покажуваат демонстрантите како палат свеќи и факели. На една од нив се гледа како се пали и гори американското знаме.
-Не можам да разберам како нашата земја може да гласа за овој ужасен човек, коментира учесник на протестот во Лос Анџелес.
Поп иконата Лејди Гага, жесток поддржувач на Хилари Клинтон, која за неа ја водеше кампањата и учествуваше во нејзиниот последен предизборен митинг, во Њујорк протестираше пред кулата Трамп.Таа на Инстаграм закачи своја слика, која покажува како исправено стои врз камион со смет и го држи транспарентот „Љубовта ќе надвладе над омразата на Трамп“. Тоа беше една од предизборните пароли на кампанњата на Хилари Клинтон.
Орегон е една од државите во која победила Хилари, па и таму имало немири на улиците и демонстрации заради изборот на новиот америксански претседател. Хилари Клинтон важи за продолжена рака на Сорос во политиката и победата на Клинтон ќе значеше победа и на деструктивната политика на Сорос.
Слободно може да се повлече паралела со состојбите во Македонија, каде што Соросовите политички пораки ги пренесува СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.