| четврток, 6 декември 2018 |

Прв говор по поразот: Ова беше болно, а ќе ме боли уште долго време (Видео)

– Се надевам дека тој ќе биде успешен претседател за сите Американци, жал ми што не победивме и не го добивме она за што долго се боревме. Поразот боли и ќе боли уште долго време. Ова го изјави Хилари Клинтон во говорот, откако ги загуби изборите за претседател на САД. Говорот цел ден беше очекуван од светската јавност.

– Жалам што не победивме на изборите поради вредностите и визијата што ја имаме, но се чувствувам горда и благодарна … Вие сте најдоброто од Америка“, им порача таа на поддржувачите во салата.

– Нашата кампања не беше за еден човек или за едни избори, туку за земјата која ја сакаме, додаде Клинтон.

Говорот на Клинтон почнува од околу 44. минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top