| четврток, 6 декември 2018 |

Како со наслови од типот „Ова е веста на милениумот“ тинејџери од Македонија му помогнаа на Трамп да ја сруши Хилари

sub-buzz-1935-1478117364-5

Повеќе од 100 американски веб сајтови кои ја поддржуваат кандидатурата на Доналд Трамп водат потекло од Македонија, утврдил Базфид.ком. Дали тинејџерите во таа земја воопшто ги интересираат избори кои се одржуваат илјадници километри од нив и дали причината за отворањето на овие веб страни се политички или станува збор за нешто сосема друго?, се прашува познатиот веб сајт, а за истиот случај пишуваше и британски Гардијан.

veles-za-tramp-2

„Ова е веста на милениумот“ гласи насловот на текстот на WorldPoliticus.com, во кој се цитира анонимен извор од американската агенција ФБИ кој тврди дека Хилари Клинтон во 2017 година ќе биде обвинета за кривични дела поврзани со скандалот со нејзиниот мејл. Сето ова би било во ред, веста да не беше измислена и пласирана од македонскиот град Велес.

veles-za-tramp

Во текот на изминатата година, жители на Велес ги стресла „дигитална грозница“ и креирале најмалку 140 американски политички веб-страни. Сајтовите имаат американски имиња како USADailyPolitics.com, или DonaldTrumpNews.com и сите од нив објавуваат пропагандни, агресивни и најчесто лажни содржини во корист на републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп, насочени кон конзервативните граѓани и неговите поддржувачи во САД.

lazna-vest

На младите Македонци кои ги водат овие сајтови не им е гајле за Доналд Трамп, туку го прават тоа од економски побуди, пишува Базфид. Неколку тинејџери, кои ги контактирал BuzzFeed објаснуваат дека сфатиле колку голем сообраќај генерираат политичките стории кои се споделуваат на Фејсбук – и дека најдобар начин за генерирање споделувања на социјалната мрежа е преку објавување сензационалистички и често лажни содржини кои „ги хранат“ поддржувачите на Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top