Републиканецот Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД пред сѐ со гласови од белците бидејќи Американките биле понаклонети на кандидатката на демократите Хилари Клинтон, јави „Си-Ен-Ен“.
Според првите податоци, што се однесува за полот, 53 отсто мажи дале глас за Трамп, додека 54 отсто жени гласале за Клинтон.
Од помладите гласачи мнозинството гласале за Клинтон, а постарите од 45 години главно за Трамп.
„Си-Ен-Ен“ ја зел предвид и материјалната состојба на гласачите – Трамп добил гласови, главно, од оние кои имаат поголеми материјални примања.
Либералите гласале за Клинтон, конзервативците за Трамп.
– Говорите на Трамп за имигрантите и за муслиманите зеле данок, па за него гласале главно белци, додека Клинтон ги приграбила симпатиите на црнците и на Хиспаноамериканците – наведува медиумот во извештај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.