| четврток, 6 декември 2018 |

Џони Деп ќе се жени и тоа не со Ванеса Паради

Прво и купи приватен остров и го крсти по нејзините облини, а сега и купи и прстен.

Еден од најпосакуваните мажи на планетата, актерот Џони Деп ја запросил неговата нова девојка, Амбер Херд, на нејзиниот 27-ми роденден. Актерката, се разбира, одговорила со „ДА“, а датумот на свадбата сѐ уште не е одреден, јавува порталот Вајр.

– Поради неа се смири. Дури престана да го пие својот омилен пијалак, вискито, бидејќи на неа таквиот начин на живот не ѝ одговара. Тој навистина сака брак со неа – изјавил пријател на двојката.

Амбер Херд признала дека била вљубена во Деп како тинејџерка. Ѕидовите од собата ѝ биле излепени со негови постери.

Џони поради љубовта кон Амбер ја остави Ванеса Паради, со која беше во врска 14 години и со која има две деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top