Делови од населбата Милково Брдо во Делчево од синоќа на полноќ се без електрична енергија поради дефект на 10 киловолтниот извод во населбата.
Прекинот настанал поради силниот ветар кој предизвикал паѓање на две тополи при што биле оштетени два бетонски столба и проводник.
Како што информира Атанас Ковачевски од ЕВН, екипите на ЕВН од утрово работат на отстранување на дефектот.
– Без струја се улиците „Никола Карев“, „Даме Груев“ и „Вера Јоциќ“, како и дел од населбата Пролет. Според иннформациите од терен, екипите работат на отстранување на дефектот и најдоцна до 14 часот овие домаќинства ќе добија електрична енергија, рече Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.