Официјалната веб-страница за емигрирање во Канада падна од преоптовареност откако се официјализираше претседателската победа на Доналд Трамп. Сајтот Citizenship and Immigration Canada е моментално недостапен.
Според податоците на интернет пребарувачот Гугл ноќеска нагло се зголемиле пребарувањата со реченицата „селење во Канада“, а на официјалниот твитер акаунт на Канада е објавена пораката „Во Канада ги охрабруваме емигрантите да ги донесат нивните културни традиции и да ги споделат со нивните сограѓани“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.