Гласањето во САД е во полн замав и на многу места има огромни редици од гласачи. Денес во САД ден во кој Американците ќе го изберат својот 45-ти претседател. Право на глас имаат околу 252 милиони државјани, но изборниот систем во земјата е комплексен и изборот не е директен.
Проценетата излезност е 60-70 проценти. Американците гласаат за претседател, нов состав на Претставничкиот дом и за една третина од Сенатот.
Главните противници се кандидатот на демократите Хилари Клинтон и кандидатот на републиканците Доналд Трамп.
Според студија на Ројтерс и социолошката агенција „Ипсос“ Клинтон си обезбедила 303 изборни единици од потребните 270, а Трамп засега се потпира на 235.
„Ова е пријатно чувство, бидејќи знаете колку одговорности одат со тоа и колку многу луѓе се потпираат на излезноста на изборите, колку се важни за нашата земја. И јас ќе дадам се од себе, ако имам привилегија да освојам денес“, објави Хилари Клинтон.
Невидени мерки за безбедност има во реонот на Менхетен, каде се наоѓа штабот на кандидатот на Демократската партија. Во штабот кандидира напорна подготовка за прогласување на изборните резултати, се очекува сите да започне откако затворат и првите секции во Њу Џерси.
Доналд Трамп се бори до последен за победа, како веќе најави дека ќе ја тужи државата Невада за изборни нерегуларности. Можно е Доналд Трамп да не ги признае резултатите од гласањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.