На неделната миса во Њујорк, пред изборите во САД, католичкиот свештеник Френк Павоне ги шокираше верниците со начинот на кој ги повика за кого да гласаат. Сето тоа беше пренесувано со видео на Фејсбук. Павоне е познат активист против абортусот, а сега посочил дека фетусот му го дал еден патолог, пренесува Вашингтон Пост.
Видеото ја подели јавноста околу тоа што е, а што не е пристојно за кампања против абортусот, како и за политичкиот ангажман на црквата.
-Мораме да одлучиме дали ќе допуштиме да продолжи убивањето на деца или не. Хилари Клинтон и демократите велат да, нека се убиваат деца, а Доналд Трамп и републиканците велат не. Детето мора да биде заштитено- напиша Павоне на Фејсбук.
И додека трае дебатата дали Павоне претерува и ги крши канонските закони на црквата, неговите постапки ги зајакнуваат групите кои се противат на абортусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)