Американскиот претседател Барак Обама, кој по два мандата во јануари ќе ја отстапи должноста на својот наследник, на изборниот ден во вторникот одлучи да ја продолжи традицијата и замина да игра кошарка.
Неколку часа по започнувањето на изборите на коишто ќе биде избран новиот станар во Белата куќа, демократката Хилари Клинтон или републиканскиот кандидат Доналд Трамп, американскиот претседател Барак Обама замина во Форт Мекнер, воена база во предградие на сојузната престолнина Вашингтон, на кошаркарски меч со пријателите.
Dressed in sneakers, windbreaker and a ballcap, Pres Obama arrives at nearby Fort McNair this morning for an hour of basketball. pic.twitter.com/vFYMFKuWLw
— Mark Knoller (@markknoller) November 8, 2016
Токму на овој терен Обама ја повреди усната кога играше кошарка кон крајот на 2010 година. Од тогаш значително помалку се занимава со овој омилен спорт и попрво се одлучува за посмирените задоволства што ги овозможува играњето голф.
И во 2008-та и во 2012 година Барак Обама играше кошарка на изборниот ден, за да ги скуси часовите исчекувања. Доследното придржување до традицијата досега му носеше среќа, а сега ќе биде проверено дали тоа важи и за Хилари Клинтон, неговата поранешна државна секретарка во неговиот прв претседателски мандат од 2009 до 2013 година, којашто ја подржува на овие избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.