Страшна вест ја потресе фудбалска Битола. Прерано почина Воислав Стоиљковиќ поранешен голем талент и член на ФК Пелистер но и клупски секретар. Фудбалската јавност во Битола е потресена. Вчеравечер стигна веста за смртта на Воислав Стоиљковиќ кој последниве месеци живееше со фамилијата во Германија. Станува збор за поранешен голем талент на ФК Пелистер. Фудбалер кој со генерацијата на Христов, Штерјовски, Момировски, Капинковски… владееја во младинскиот фудбал во земјава во нејзините први години од осамостојувањето, пишува Македонски спорт.
Воислав Стоиљковиќ кој почина на 40 годишна возраст играше и за сениорите на ФК Пелистер и тоа во успешната сезона 2001-2002 кога тимот за првпат извори место на евро-сцената. Поради здравствени проблеми Стоиљковиќ прерано ја заврши фудбалската кариера а пред неколку години беше и клупски секретар во екипата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.