„Гугл“ ќе ги објави резултатите од американските претседателски избори на својата матична страница веднаш по затворањето на гласачите места, соопштија од компанијата.
Корисниците на интернетот кој во пребарувачот на „гугл“ ќе впишат „election results” ќе им се отвори сет од информации за резултатите од претседателските избори во САД, вклучувајќи и други локални резултати од изборите во сојузните држави и окрузи кои се случуваат во ист ден.
Резултатите ќе бидат достапни на 30 светски јазици и ќе бидат дополнувани секои 30 секунди. „Гугл“ ќе ги даде сите основни информации како и оние за потребниот број електори за конечната победа на претседателскиот кандидат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.