| четврток, 6 декември 2018 |

Нова повреда во Реал Мадрид, Тони Крос го скрши стапалото

Real Madrid v Sevilla FC - UEFA Super Cup

Германскиот интернационалец Тони Крос заработи сериозна повреда на дуелот против Леганес и ќе отсуствува одреден период од составот на Реал Мадрид. Тој се здоби со скршеница на метатарзалната коска на десното стапало, повреда која речиси сигурно ќе го оддалечи од тимот на „кралевите“ за дерби пресметките против Атлетико Мадрид и против Барселона во шпанското фудбалско првенство.

Крос поради повредата секако нема да биде и дел од селекцијата на Германија за претстојната репрезентативна сесија. Со идентична повреда, Хамес Родригез паузираше два месеци, а Марсело цели три месеци од фудбалските терени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top