| четврток, 6 декември 2018 |

Страв има, но поплава нема: Стајковчани претпазливи, попусто се крева паника (ФОТО+ВИДЕО)

stajkovci poplava

По некое вирче на улиците се поплавите во Стајковци и околината за кои помпезно пишуваат опозициските медиуми под директно на чело со главниот уредник од „Бихаќка“.

stajkovci poplava

Фотографиите од терен сведочат дека информациите за поплави во ова место, се малку предимензионирани, бидејќи во моментов во Стајковци не е ништо поразлично од било која скопска населба.

stajkovci poplava
На улиците кои сѐ уште се реконструираат има поголеми вирови, но нема опасност за имотите на граѓаните. Напротив, најголем дел од дворовите се комплетно суви.

Животот се одвива нормално, а освен стравот, кој оправдано остана од августовската катастрофа, во Стајковци, во моментов се изгледа нормално.

stajkovci poplava

Жителите на Стајковци стравуваат од нови поплави по денешниот дожд кој поплави неколку улици и дворови во селото. На обиколницата, од каде што се слеа реката вода во поплавите во август во кои загинаа 22 лица, има наноси на кал кои го отежнуваат сообраќајот.

stajkovci poplava

Дождот денеска ги исплаши жителите на Стајковци, кои почнаа да споделуваат фотографии на социјалните мрежи со коментари дека водата им влегува до дворовите и дека сега се плашат од секој дожд.

stajkovci poplava

Автобускиот сообраќај до селото се одвива нормално, поголем дел од улиците се суви и проодни, а само неколку дворови се поплавени.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top