Активностите за унапредување на образовната инфраструктура продолжуваат и во периодот што следува. Сакам да информирам дека во тек е тендерска постапка за изработка на техничка документација за реконструкција на четири училишни објекти и еден ученички дом, објави денеска заменик-министерот за образование Спиро Ристовски на својот профил на „Фејсбук“.
-Се работи за подрачниот објект на основното училиште „Димката Ангелов Габерот“ во село Прждево, општина Демир Капија; подрачниот објект на основното училиште „Јосип Броз – Тито“ во струшко Радожда; основното училиште „Васил Главинов“ во Чаир; средното училиште „Кочо Рацин“ во Свети Николе, како и ученичкиот дом во рамки на ова училиште. По изработката на проектите, ќе следи и постапка за избор на изведувачи на градежните работи. Досега, повеќе од 400 училишни објекти беа опфатени со санациони и реконструктивни активности, за што се инвестираа 25 милиони евра, напиша Ристовски на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.