| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: Му честитам на Енди, ова е вистински предизвик за мене

marej i djokovic

Британецот Енди Мареј конечно успеа да го симне најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, од тронот и го исполни својот сон да биде на врвот на АТП листата. Србинот испрати низа честитки кон Мареј и се заблагодари на неговите навивачи за поддршката.

– Му честитам на Енди за успехот и целта што ја оствари. Секој чест. На моите навивачи сакам да им се заблагодарам на поддршката и фантастичните пораки кои ми ги испраќаат. Се подготвувам за Лондон и се гледаме наскоро, отсекогаш сум сакал добри предизвици, завршниот турнир е токму тоа – објави Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top