Илија Несторовски со нескриен оптимизам го очекува четвртиот квалификациски натпревар за пласман на СП 2018, против Шпанија во Гранада. Извонредната гол-форма од Палермо, без сомнение, посакува да ја пренесе и во репрезентативните редови продолжувајќи ја гол серијата од дуелите со Израел и со Италија…
– Атмосферата во тимот е одлична, сите размислуваме позитивно и со нетрпение чекаме да играме. На сите ни е јасно е дека мораме да бидеме на највисоко ниво, а на натпреварот ќе видиме колку сме подготвени и како сето тоа ќе изгледа. Ќе се обидеме да презентираме игра како на претходните натпревари, тешко е против Шпанија да играш пресинг или да напаѓаш како што тоа го правевме на дуелите со Израел и Италија, но мораме да истраеме и да се обидеме да продолжиме на тој начин – вели Несторовски и дополнува:
– Се чувствувам одлично, живееме за вакви прилики, имаме чест да го браниме македонскиот дрес и мораме да се докажеме. Мислам дека сме на вистински пат, иако ги загубивме првите натпревари. Фудбалот нас не казни против Албанија, Израел и Италија, но повторно ќе бидеме добри, ќе дадеме се од себе сега да дојдеме до позитивен резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.