Напаѓачот на првакот на Франција, ПСЖ, Единсон Кавани се здоби со повреда на бутниот мускул во натпреварот против Рен, одигран во неделата во Париз во рамките на 12. коло на францускиот шампионат.
„Светците“ го совладаа својот ривал со 4-0, а Кавани постигна еден гол.
Тренерот Унаи Емери потврди дека Кавани е повреден и има реални шанси да ги пропушти двата меча за репрезентацијата на Уругвај против Еквадор и Чиле.
Кавани утре во Монтевидео ќе помине дополнителни медицински тестови, по што ќе има повеќе детали околу сериозноста на неговата повреда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.