Братот на премиерот на Србија, Андреј Вучиќ, најверојатно, за влакно го избегнал атентатот на приодот на куќата во Јајнци во саботата на 29 октомври и тоа само затоа што бил со ќерката.
Полициските експерти ангажирани на истрагата на случајот Јајнци, врз основа на досега пронајдените траги, претпоставуваат дека убијците го чекале Андреј во заседа, но дека од ликвидацијата со золја се откажале бидејќи во автомобилот била и неговата малолетна ќерка.
– Се чини атентаторите не го очекувале тоа и инспекторите веруваат дека само тоа била причината што се откажале од убиството – тврди извор од полицијата.
Сè уште не е утврдено дали убијците го оставиле оружјето бегајќи или планирале ликвидацијата на Андреј да ја одработат на друг начин.
Премиерот Александар Вучиќ изјави дека работите околу оружјето биле многу посериозни отколку што се мислело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста