| четврток, 6 декември 2018 |

Ладнокрвно убиство во Њујорк – турнала жена под воз

Њујоршката полиција уапси жена што на шините пред возот што влегувал во метро-станицата на Тајмс сквер, на Менхетен, турнала и усмртила друга жена.

Полицајците ја привеле Мелани Ливерпул – Тарнер (30) веднаш откако се случила страшната трагедија.

Како што пренесуваат британските медиуми, луѓето што стоеле на преполната станица вџашено го гледале ладнокрвното убиство.

– Жртвата набрзо беше прогласена за мртва – изјави портпаролката на њујоршката полиција.

На местото на убиството, во центарот на Менхетн, на аголот од Седмата авенија и 42. улица, се појавиле триесетина полицајци.

Таблоидот „Њујорк пост“ наведе дека осомничената е Афроамериканка, која носела маица со розова боја и шал, и веднаш објави и нејзината фотографија.

Полицијата се обидува да утврди дели Ливерпул -Тарнер била вмешана во смртта на 27-годишната жена од 19 октомври во метрото на станицата Јунион Сквер. Смртта на оваа жена претходно беше прогласена за самоубиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top