Дислоцирани спомениците од паркот Кртеќе во Штип. Училиштата, градинките, судот, болницата и други државни институции во општината, кои ги носат имињата на познатите револуционери или борци, отсега ќе се грижат за спомен бистите.
Во текот на изминатите години овие спомен бисти беа цел на вандалите, кои што ги кршеа или на нив пишуваа графити. Според надлежните во Општината на овој начин ќе има поголема грижа и заштита за спомен бистите од страна на институциите, а во паркот Кртеќе останува само споменикот на бранителите од конфликтот во 2001 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



