| четврток, 6 декември 2018 |

Ивор Мицковски: Целта на Заев не е да победи на избори, туку да ја бетонира СДСМ како приватна партија

Заев намерно не создаде екипа која макар и од прилика би имала капацитети нешто да понуди или Груевски да го порази, анализира колумнистот и долгогодишен истакнат партиски активист на СДСМ Ивор Мицковски. Заев, додава колумнистот, деновиве го санкционираше секој кој дури и маргинално, имал искуства во СДСМ со друг лидер или подолго од 5 -10 години. Тој Влегува во четврта година на претседателство со партијатаи  војната што тој ја води е единствено во насока на апсолутна чистка на партијата.

-Негови противници на овие избори не се Груевски или Мијалков, негова опсесија се претходнициите и сите што имале шанса да работат со нив. Се разбира, покрај личниот исклучок и тој на вечната потпретседателка и нејзиниот клан, кои секогаш се млади и нови лица. Затоа и ги задуши листите со свое кандидирање, или кандидирања на скоревичи, кои врска немаат од политика. Ама имаат врска од послушност- пишува Мицковски кој додава дека Заев ја приватизира СДСМ.

 

ivor

-Заев ја завршува и комплетира конечната метаморфоза на СДСМ, од државничка и масовна партија, во персонална партија на Зоран Заев и кланот. Целта, не му е да победи, впрочем како да победиш со овие листи, туку да ја бетонира СДСМ како приватна партија. Во реалната и единствена нарација на З.З. ништо и никој од пред 2013 година, не се спасува, или пак се виновни за уништување на државата и партијата. Затоа и еден веќе искористен, поттргнат, па вратен Пендаровски, ќе застапува тези за потребата од нов дисконтинуитет- додава Мицковски.

-Шанса од минатото добива тој што ќе се потчини, иако, и од тие што клекнаа, многумина сега исчезнаа. Тажна приказна, која многумина не сакаат да ја видат, за перфидноста и пропаста на персоналниот и демек нов СДСМ, додека ја уништува наводно старата партија. Верувам, кога ќе мисли дека дефинитивно го убил стариот СДСМ, ќе ни објасни која навистина е новата СДСМ. Па ќе видиме кој лаже- анализира Ивор Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top