Германската јавна телевизија ARD се најде на ударот на критиката заради тоа што во својата ударна политичка емисија повика муслиманка во никаб, која изјави дека младите кои заминуваат во џихад покажуваат „граѓанска храброст“.
Емисијата што беше емитувана во недела навечер, третираше тема околу радикализацијата на младите. Една од петте гости беше Нора Или од групата позната како Главен швајцарски исламски одбор.
Или, која беше во никаб, изјави дека жените во исламот „имаат многу права и можности“ и дека на младите кои заминуваат во џихад во Сирија треба да им се оддаде признание за „граѓанската храброст“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.