Ѕидот висок речиси 4 метри, дури и повисок од Берлинскиот ѕид и симбол на Студената војна, бил кренат во предградието на Минхен, за да ги одвои локалците од мигрантите кои треба да се доселат во новоизградениот камп.
Локалното население ја започнало кампањата за изградба на ѕидот во предградието на Минхен, Неуперлах Суд, откако властите одлучиле дека ќе преселат 160 млади бегалци во изградениот камп, кој се наоѓа на само 100 метри од станбена населба во близина.
Критичарите наведуваат дека овој ѕид е уште еден доказ за отуѓеноста која гласачите ја чувствуваат кон бегласката политика на Ангела Меркел, пишува Daily Mail.
И додека некои службеници, како заменик претседателот на округот, мислат дека “ѕидот е превисок и дека таквата пропаганда е непотребна”, жителите од соседниот станбен комплекс оделе на суд за да се изборат за негова изградба.
Еден од нивните аргументи е дека стравуваат од пад на вредноста на нивните станови, доколку на било кој начин не се одвојат од бегалските кампови, во кои можеби мигрантите ќе пристигнуваат со години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра