Лекарите од Општата градска болница „8 Септември“ денеска од 13 до 14 часот протестираат пред болницата за да изразат револт од инцидентот кој се случи во петокот кога роднини и пријатели на лице што почина од срцев удар кршеа се пред себе во болницата.
Околу двесте лекари денеска за време на паузата излегоа на протест пред болницата. Директорот на болницата Сашо Стојчев изјави дека го поддржува протестот.
– Ние само бараме да се почитува белиот мантил. Не може секој да им се заканува на лекарите и да ги навредува. Ова станува неиздржливо, од ден на ден е се полошо, рече Стојчев.
Индицентот што се случи во петокот не е прв кога лекари биле нападнати поради вознемирени роднини на пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.