Шпанскиот репрезентативец Нолито само неколку месеци по доаѓањето во Манчестер Сити, бележи добри настапи и одлично се вклопи во новата екипа. Сепак, неговата ситуација на приватно поле не е така сјајна.
Иако заработува 110 илјади евра неделно, Нолито од тие пари повеќе не одвојува ништо за својата мајка која сега е принудена да проси за леб пред еден супермаркет во Шпанија.
Росио Агудо Дуран откако имала голема кавга со својот син им открила се за нивниот одност на шпанските медиуми.
– Ми рече: Оди по ѓаволите…ако сакаш да крадеш, кради, ако сакаш да просиш, проси, не ме интересираш, и напишал Нолито на својата мајка која вели дека и е многу тешко откако престанал да и праќа пари за храна и кирија.
Сепак, треба да се земе в предвид дека таа го оставила Нолито кога бил многу мал, имала проблеми со дрога и алкохол, а издржала и затворска казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.