Злато на Олимписките игри, победа на Вимблдон, бројни настапи во финалињата на големите турнири и сето тоа крунисано со првото место на светската АТП ранг листа. Енди Мареј е во одлична форма и тоа го докажува како што одминуваат турнирите. Британецот има 405 поени предност на светската ранг листа пред второрангираниот Ѓоковиќ. Предноста ја зголеми откако победи на Мастерс турнирот во Париз и го задржа првото место на кое се искачи 24 часа пред почетокот на финалето.
– Бев навистина нервозен пред мечот бидејќи знаев дека можам да го загубам првото место доколку загубам во финалето и никогаш повеќе да не бидам прв. Можеби на првото место на АТП листата ќе бидам само една недела, затоа и ќе уживам додека можам. Не знам дали сум свесен за сè што се случи. Чувството е поинакво од освојување на Гранслем или Олимписко злато. Ова беше едно неверојатно патување до самиот врв на листата – вели новиот светски рекет број еден, воедно 26. тенисер кој успеа да се здобие со овој епитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.