| четврток, 6 декември 2018 |

Даз Флоу ви испраќа „Енергија“ (Видео)

Со „Енергија“  хип-хоп артистот Даз Флоу внесува нова енергија на македонската музичка хип хоп сцена. Музиката и аранжманот за песната, која доаѓа во пакет со нов видео запис, е дело на Михајло Павловски, додека пак текстот го напиша токму Даз Флоу.

Видео спотот го изработи Роберт Мишовски, а во него се појавува и младата Мила Ниновска во улога на балерина. За фотографиите се погрижи Златко Димитров од „Studio 2.8“.

Ова е прва песна на Дарко Ивановски а.к.а Даз Флоу после неговиот прв албум  „Кругот се врти” од 2010 година и синглот „Разбуди се“ кој го направи во соработка со познатиот саксофонист  Горан Папаз од „Суперхикс“ во 2011та година.

Со „Енергија“, Даз Флоу го најавува енергичното и активно лето како и уште доста нови проекти и песни на коишто моментно работи и кои јавноста ќе може да си слушне во текот на оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top