| четврток, 6 декември 2018 |

ЛА Лејкерс како во старите добри времиња, Њујорк се мачи (видео)

la-lejkers

Екипата на Лос Анџелес лејкерс конечно почна да игра онака како што посакуваат фановите на оваа екипа. „Езерџиите“ славеа со 119-108 над Феникс за трета победа во низа, со што лејкерси за првпат по пауза од неколку години имаат позитивен скор во лигата (четири победи и три порази во моментов). Ник Јанг со 22 поени беше најефикасен во редовите на ЛА лејкерс, додека Кларксон и Рандл учествуваа со по 18 поени во најновиот триумф на својата екипа.

Раководството на Њујорк никс повторно беше многу активно во текот на летото, ангажирани беа бројни засилувања, но оваа екипа се уште се мачи да влезе во посакуваниот ритам. Синоќешниот пораз на домашен терен од Јута (109-114), е трети во последните четири средби за никси, пред се поради очајната одбрана во последната четвртина во која „џезерите“ постигнаа дури 36 поени. Кармело Ентони и Порзингис постигнаа по 28 поени, но и тоа беше недоволно за да се стигне до триумф над Јута, во чии редови најдобар поединец беше Гордон Хејворд, исто така со 28 постигнати поени.

Резултати НБА:

Њујорк – Јута 109-114, Мемфис – Портланд 94-100, Торонто – Сакраменто 91-96, Далас – Милвоки 86-75, Бостон – Денвер 107-123, ЛА лејкерс – Феникс 119-108.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top