| четврток, 6 декември 2018 |

Куман: Срам ми е од поразот, но Конте го доведе Челзи до совршенство

ronald-koeman

Вчера тимот на Роналд Куман, Евертон, доживеа дебакл на гостувањето во Лондон кај Челзи. „Карамелите“ загубија со 5-0 од екипата на Конте која „леташе“ по теренот, а холандскиот стратег на клупата на тимот од Ливерпул по мечот изјави:

– Бевме надиграни во секој сегмент. Да бидам искрен срам ми е. Им се извинувам на фановите и сигурен сум дека ќе надополниме во следните натпревари. Никогаш не сум сретнал подобар тим кој игра формација 3-4-3. Мислам дека Конте оваа формација до доведе до совршенство.

Дефинитивно Челзи на Конте го игра најдобриот фудбал во последниот период, а во последните пет натпревари во Премиер лигата има исто толку победи со скор од 16-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top