Со 597 гласови за, еден против и 24 воздржани, Конгресот на СДСМ вечерва ги усвои кандидатските листи за пратеници за претстојните избори.
Со 597 гласови за, еден против и 24 воздржани, Конгресот на СДСМ вечерва ги усвои кандидатските листи за пратеници за претстојните вонредни парламентарни избори што ќе се одржат на 11 декември.
Носители на листите се поранешниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски во првата изборна единица, а актуелниот министер за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски во втората изборна единица.
Во третата изборна единица носител ќе биде дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски, а четвртата изборна единица е резервирана за лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска ќе ја предводи петтата изборна единица а портпаролот на партијата Петре Шилегов ќе биде носител на шестата изборна единица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.