| четврток, 6 декември 2018 |

Што и да правите, никако не дозволувајте да ви премрзнат нозете

cold_feet

Мајките често знаат да кажат дека нозете го чуваат здравјето, а науката докажа дека студени нозе го зголемуваат ризикот да се разболите од грип. Според д­р. Рон Еклес, кој 25 години истражувачка работа посветил токму на феноменот студени нозе, тврди дека лошата циркулација предизвикува разни болести, зашто луѓето имаат вируси и бактерии во себе кои студените стапала ги активираат и тогаш доаѓа до проблеми.

– Кога ќе се намали температурата на телото, доаѓа до промена во целото тело, а сѐ, всушност, поаѓа од нозете, објанува тој.

Во студените зимски денови многу е важно да се затоплуваат нозете, па ако треба и со неколку пара чорапи.

– Кога ќе се изладат стапалата, вените во носот се стеснуваат, а тој процес не дозволува да се намали температурата на целото тело, а белите крвни зрнца кои се борат со заразите, се наоѓаат токму во крвта, па на тој начин опаѓа имунитетот, објаснува д-р Еклес.

Според резултатите на истражувањето што го спровел д-р Еклес вдишувањето студен воздух не влијае на опаѓањето на имунитетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top