Леброн Џејмс, кошаркарот на Кливленд, во синоќешниот триумф над Филаделфија (102-101) постигна 25 поени и влезе меѓу најдобрите стрелци во историјата на НБА-лигата. Сега, на „кралот“ му припаѓа десетотто место, со 26.970 постигнати поени во кариерата. Следен предизвик за Џејмс е Елвин Хајес, кој зад своето име има 27.313 постигнати поени.
Лидер на листата е Карем Абдул Џабар, со 38.387 постигнати поени, а по него следат Карл Мелоун (36.928 поени), Коби Брајант (33.643 поени), Мајкл Џордан (32.292 поени), Вит Чембрлејн (31.419 поени)…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.