| четврток, 6 декември 2018 |

Посилни од Колумбијците: Албанската мафија контролира 75 проценти од нарко-бизнисот во светот

85

Околу 75 отсто од светскиот пазар на наркотици се наоѓа во рацете на албанската мафија. Проценката е дека албанските дилери месечно шверцуваат четири до шест тони хероин, чија вредност на годишно ниво изнесува две милијарди долари, анализира Спутникњуз.ком.

Само еден ден откако албанскиот претседател Бујар Нишани најави дека поради драматичниот пораст на илегални активности врзани за производството на мариухана ќе мора да го повика Советот за национална безбедност, албанските специјалци во рација во околината на местото Решен во Албанија запенија три тони дрога и уапсија 15 лица.

На таа акција претходеа серија апсења, а полицијата на неколку места запленила повеќе тони марихуана спремна за извоз во Западна Европа.

Албанскиот канал „Њуз 24“ објави дека истражувајќи го нелегалното производство на дрога во Албанија откриле дека во таа држава постојат два тајни аеродроми, преку кои марихуаната се превезува до Италија. Еден од пилотите на „Пајпер“ авионите со кои се превезувала дрогата, минатиот месец е уапсен во Албанија. Италијанските медиуми последните месеци Албанија ја нарекуваат „Канабистан“, поради фактот дека канабисот се одгледува на стотици хектари, а дека полицијата суштински е немоќна тоа да го сузбие.

mafija2

Хиерархијата е неприкосновена во Албанските нарко-картели кои се најпознати во светот, а проценките на светските експерти, кои се занимаваат со наркотици, укажуваат на фактот дека дури 75 отсто од активностите поврзани за таа материја водат токму кон Албанци.

Малку е познато дека еден од најпознатите ликвидатори на „Коза ностра“ и човекот заслужен за разбивањето на италијанските „фамилии“ Сами Гравано – Бик, по потекло бил Албанец. Денешните „владетели“ на нарко картелите во САД го сметаат него за основоположник на албанската мафија таму.

Албанската нарко-мафија е толку силна што од првото место ги потисна Колумбијците, кои до пред четири години беа неприкосновени во светот по илегална трговија со дрога. Притоа, албанската нарко-мафија не е организирана пирамидално, односно, нема еден главен, што е случај со останатите мафии, бидејќи се поделени во кланови кои меѓусебно соработуваат.

Посебен јазик, правила и изразена семејна традиција, како и почуитување на хиерархијата, се она на што се темел силата на албанската мафија, заклучено е во еден од извештаите на Стејт департментот, кој работи на оваа тематика. Стејт департментот пред неколку години Албанија ја означи како земја – база на светскиот криминал.

– Албанија е транзитна држава за шверц на дрога, оружје, нелегални мигранти и фалсификувана роба, пишува во извештајот на американскиот Стејт Департмент за Стратегијата за контрола на меѓународната трговија со дрога.

albanska-mafija-foto-youtubeprintscreen-1478371013-1028415

Албанската мафија одамна не делува само на југот на Србија, во Косово, Црна Гора, Грција, Турција, Македонија, туку незијното влијание се раширува и тоа во земјите од Средна Европа, а достигнува се до Источниот брег на САД и Канада.

Во извештаите на српската полиција одамна се наоѓаат сведоштва за организирани криминални групи на Косово, кои говорат за трговија со наркотици како семеен бизнис.

Оперативните податоци на светските организации засега препознаваат четири најсилни мафијашки кланови од Албанија, со кои раководат семејствата Кула, Абази, Борици и Брокај. Под нивна команда се наоѓаат речиси 20 косовски „фамилии“, кои заедно го контролираат не само пазарот на наркотици, туку и шверцот на дрога, оружје, цигари, крадени автомобили, проституција, рекетирање, перење пари, уцени…Сепак, името од кое сите се плашат и кое се смета за еден од најопасните мафијашки кланови во Албанија е семејството Кула. Тие ја контролираат трговијата со дрога се од Турција.

Фамилијата Абази, освен дрога, шверцува и оружје, а нивните канали главно се свртени кон Италија. Групата Брокај е специфична, бидејќи неа главно ја сочинуваат поранешни припадници на албанската тајна служба, чии главен примат им се врските во светот, пред се во безбедносните служби, царината па и во политичките кругови од држави во светот.

Проценката е дека албанските дилери месечно шверцуваат четири до шест тони хероин, чија вредност на годишно ниво е две милијарди долари.

albanska-mafija-foto-youtubeprintscreen-1478371211-1028417

„Владеат“ на Косово

Во Косово работите се поделени по региони. Тие правила строго се почитуваат, а најпознати кланови се Кељеменди, Лука и Селими. Најпрометен е делот во регионт Пеќ, па така сите „работи“ се концетрирани главно во тој дел на Косово. Тука, освен споменатите „братски“ групи соработуваат уште неколку фамилии.

Треба да се каже дека територијата на Косово, кога се зборува за организиран криминал, е поделена на три интересни зони: Дреница, Дукачини и Лаб. Областа Дреница низ Призрен, Клин и Исток ја поврзуваат Црна Гора со Македонија, а ја контролира дреничката група која профитира со трговија со оружје, украдени автомобили, луѓе, цигари и гориво.

Таа група е поврзана со браќа од Албанија, црногорска, македонска, бугарска и чешката мафија. На територијата на општина Пеќ, Дачани и Ѓаковица, во областа Дукачин, делува Метохијската група усмерена на илегална трговија со оружје, дрога, акцизна роба, крадени автомобили и на ректирање. Криумчарената роба се дистрибуира во Македонија, на југот на Србија, во Рашката област и во Црна гора, користејќи ги правците Пеќ-Кула-Рожаје.

Метохиската група ги контролира и подрачјето Лаба, преку кое се криумчари дрога. Дури и некои од припадниците на семејството да биде уапсен, кланот не се распаѓа, бидејќи е организиран во повеќе нивоа. Сепак, сите патишта и работи се завршуваат на северот на Албанија. Од дрога до трговија со луѓе.

Албанскиот нарко-картел Камила е еден од петте најсилни групи во светот. Освен дрога, главната дејност на оваа група е трговија со луѓе. Во една од порано објавените истражувања на меѓународните организации „Транспаренси интернешнл“, како и центрите за тргоија со луѓе во Албанија, означени се рутите Влора, Тирана, Фиер и Скадар, погранични места кон Црна Гора, Македонија и Грција. Нивната проценка е дека албанската мафија само во 1999 година префрлила најмалку 70.000 лица во Европа и заработила 50 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top